2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоктор Оз призна дека производите што ги промовира не делуваат

Доктор Оз призна дека производите што ги промовира не делуваат

W

Под притисокот на Конгресот на САД најпознатиот американски телевизиски лекар доктор Мехмет Оз реши да стави крај на бескруполозните огласувачи кои го користат неговото име за да ги промовираат нивните „волшебни апчиња и напитоци“ што им ги продаваат на милиони очајни Американците кои се обидуваат да го
намалат вишокот килограми.

Доктор Оз се појави пред Сенатот каде претседателката на Задружението за заштита на потрошувачите, Клер Меккаскил го нападна поради тврдењата за слабеење кои ги изнесува во неговото шоу.

Тој призна дека неговите приказни за зеленото кафе и другите надоместоци биле „китени“ и вети дека ќе објави точен попис на производите за кои мисли дека би можеле да им помогнат на луѓето во намалување на килограмите и за подобрување на здравјето, пишува „Хуфингтон Пост“.

Др. Оз инсистирал на тоа дека верува во надоместоците за кои зборува, но дека ги смета краткотрајни помошни решенија и дека ги испробалe и членовите на неговото семејство.

Но, не постојат волшебни апчиња без правилна исхрана и вежбање чии резултати ќе бидат долгорочни, призна тој.

– Лично верувам во производите кои ги покажувам во шоуто. Страствено ги проучувам. Разбирам дека немаат научна поддршка, но на публиката и ги давам советите кои му ги давам и на моето семејство, дури и тие ги пробале, порача тој.

– Научниците се едногласно против вас што се однесува на делотворноста на три производи кои вие ги нарековте „волшебни“. Кога производот ќе го наречете волшебен, а тоа е нешто што може да се купи, на луѓето им давате лажна надеж, не разбирам зошто го правите тоа, одговори Меккаскил.

Од друга страна доктор Оз нагласи дека никогаш не наведувал имиња на брендови или промовирал некој производ и никогаш не добивал никакви пари: – Ако го видите моето име, лице или шоу во кој било облик на оглас – тоа е илегално, порача тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП