2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: „Јужен поток“ не е откажан, туку е стопиран додека не одговори...

ЕК: „Јужен поток“ не е откажан, туку е стопиран додека не одговори на законските барања на ЕУ

ginter etinger

Проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“ не е откажан, туку е привремено стопиран се додека не одговори на законските барања на Европската унија, изјави синоќа на прес-конференција во Брисел еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер.

Во врска со изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за проектот, Етингер изјави дека „тој е дел од играта“.

„Неколку години веќе имаме редовни контакти со нашите руски партнери во врска со „Јужен поток“, најнапред во проектната фаза во 2010 година. Можеби тоа што министерот го вели е дека енергетиката е дел од политичката игра, а не само прашање во сферата на инфраструктурата и не само економско прашање“, додаде Етингер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП