20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталниот профит на H&M во согласност со очекувањата

Кварталниот профит на H&M во согласност со очекувањата

Clothes-retailer-HM-logo-007

Вториот најголем дистрибутер на облека „H&M“ во вториот квартал од тековната фискална година, завршен на крајот на мај, оствари профит во согласност со предвидувањата на аналитичарите и забележа одлична продажба во тековниот месец.

Како што пренесува Ројтерс, оваа шведска компанија во периодот март–мај оствари добивка пред оданочување во износ од 7,6 милијарди шведски круни (845 милиони евра), што е во согласност со средната прогноза на финансиските експерти.

Во соопштението се наведува дека клиентите одлично ја прифатиле колекцијата пролет/лето и дека продажбата на останатите марки, како што се „COS “, „& Other Stories“ и „H&M Home“ била значајна.

Бруто маржата на групацијата во вториот квартал достигнала вредност од 60,8 проценти, додека аналитичарите очекуваа 61,2 проценти.

„Нашите инвестиции на долг рок започнаа да даваат позитивни резултати, изјави генералниот директор на групацијата Карл Јохан Персон.

„H&M“ предвидува дека наскоро ќе лансира широк асортиман на облека и ќе воведе интернет продажба на осум до десет пазари во 2015 година, по Шпанија, Италија и Кина кои се планирани за есента 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП