2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина не ја очекува „тешко приземјување“

Кина не ја очекува „тешко приземјување“

madechina1

Кинеската економија нема да се соочи со „тешко приземјување“ и ќе ја одржи средната до висока стапка на економски раст на долг рок, изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг за време на тридневната посета на Лондон.

Според неговите зборови, кинеската економија, втората најголема економија во светот, зад САД, би требало оваа година да оствари минимален раст од 7,5 проценти, а индексот на потрошувачките цени да не се зголеми за повеќе од 3,5 проценти, пренесува агенцијата Ројтерс.

Ли нагласи дека официјален Пекинг нема да се сврти кон преземање на „силен поттик“ туку ќе се потпре на зацртаните цели со цел да се обезбеди целниот раст.

„Се појавија некои шпекулации дека кинеската економија забавува, како и загриженост дека Кина се движи во правец на „тешко приземјување“. Ќе бидам многу искрен и ќе кажам дека тоа нема да се случи“, изјави Ли и додаде дека во оваа година се очекува минимален економски раст од 7,5 проценти кој ќе обезбеди отворање на нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП