3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFedEx двојно го зголеми кварталниот профит

FedEx двојно го зголеми кварталниот профит

fedexjuy76r5

Најголемата светска курирска компанија „FedEx“ двојно го зголеми својот профит во квaрталот од март до мај, кој го обележаа големи вонредни трошоци поради реструктуирањето.

Оваa американска компанија за меѓународен транспорт и дистрибуција на документи и пакети, во четвртиот квартал од фискалната година, завршена на крајот на мај, оствари нето профит од 730 милиони долари (2,46 долари по акција), во однос на 303 милиони во истиот период една година претходно, пренесува Ројтерс.

Приходите во истиот квартал се зголемени за 3,5 проценти на годишно ниво, и тие изнесуваа 11,8 милијарди долари. Економистите во просек предвидуваа профит по акција од 2,36 долари и приходи од 11,66 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП