3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛиберализација на билатералниот и транзитниот превоз на стока на Македонија и Полска

Либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стока на Македонија и Полска

kamioni8

Билатералниот и транзитниот превоз на стока помеѓу Македонија и Полска ќе се одвива без режим на дозволи од 23-ти овој месец, кога стапуваат во сила  измените на Спогодбата за меѓународен патен транспорт помеѓу владите на двете джави.

Со Спогодбата е договорено од 23 јуни годинава да се укинат 3.000 билатерално транзитни дозволи за превоз на стока за сите видови возила и 1.000 билатерално транзитни дозволи за превоз на стока за возила со минимум еуро 2 стандард. Вкупно се укинуваат 4.000 билатерално транзитни дозволи.

Договорената либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стока со Полска е од огромно значење за македонските превозници, имајќи го предвид фактот дека моментно Македонија има либерален билатерален и транзитен превоз на стока и со Чешката Република, Словачка, Унгарија, Србија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција, Латвија и други земји, со што се овозможува непречена достапност до европските пазари за македонските превозници, соопшти Министерството за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП