28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавна лотарија на Македонија со промотивен штанд во Скопје Cити Mол

Државна лотарија на Македонија со промотивен штанд во Скопје Cити Mол

lotarija-logo-1

Државна лотарија на Македонија од денеска постави штанд во трговскиот центар Скопје сити мол, каде сите љубители на игрите на среќа ќе може да учествуваат во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а покрај тоа ќе може да ги добијат и сите детални инфомации врзани за нив.

Промотивно, овој месец е отворен и пункт во Скопје Сити Мол, во кој сите учесници на награданата игра Фискална во рака-награда без мака ќе може да ги остават своите коверти за седмото извлекување.

Паралелно со ова, веќе тече караванот на Државна лотарија на Македонија низ Македонија. Караванот започна вчера 17.06.14,а ќе трае се до недела, 29 јуни. Во текот на овој караван на Државна лотарија на Македонија, поставени се пунктови со наменски кутии, во кои граѓаните ќе можат да ги оставаат своите коверти за учество во наградната игра. Пунктовите ќе бидат отворени од 11:00 до 18:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП