2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2014-та е година на закрепнување на Шпанија

2014-та е година на закрепнување на Шпанија

shpanija3

Шпанија во вториот квартал ќе го одржи темпото на раст од 0,4 проценти, со што ќе продолжи постепеното закрепнување на оваа земја коjа западна во двојна рецесија.

„Темпото на економскиот раст во вториот квартал ќе биде еднакво на растот од првиот квартал во 2014 година, кога економијата се зголеми за 0,4 проценти“, изјави шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос.

Де Гиндос додаде дека 2014 година ќе биде првата година на економско закрепнување во неговата земја, пренесува агенцијата Франс прес.

Според неговите зборови, забележано е враќање на довербата во шпанската економија, поради што тој смета дека Шпанија ќе излезе од кризата.

Податоците за раст на БДП на Шпанија од првиот квартал беа двојно поголеми од просечниот раст на целата еврозона и укажуваат на најбрзо темпо на раст на шпанската економија од 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП