4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпомени до фирмите и граѓаните за неплатена радиодифузна такса

Опомени до фирмите и граѓаните за неплатена радиодифузна такса

99560649jkhuygtr54

Управата за јавни приходи почна со подготовка и дистрибуција на опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање на радиодифузната такса.

Доставени се опомени до 31.660 фирми поради заостанати долгови и неплатена РДТ во вкупен износ од 37.302.307 денари.

Следната недела ќе почне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани.

Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една недела од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот, наведуваат од УЈП.

Со цел избегнување на трошоците и мерките за присилно наплатување на долговите, апелираат обврзниците во најкраток можен рок да извршат плаќање на заостанатите долгови.

Доколку обврзникот има извршени уплати кои не се евидентирани во УЈП или има други забелешки потребно е да се обрати до даночните канцеларии на Управата за јавни приходии да поднесе доказ за извршените уплати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП