28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто се намалува довербата во Германија?

Зошто се намалува довербата во Германија?

75286167353a134efb8053107361804_640x493

Индексот за очекувањата на инвеститорите и аналитичарите во поглед на германската економија во наредните шест месеци повторно се врати на минималното ниво од јануари 2013 година.

Индексот на довербата во јуни се намали на 29,8 поени од 33,1 поен во мај, покажа истражувањето на институтот ZEW.

Аналитичарите во анкетата на Блумберг поргнозираа зголемување на тој индикатор на 35 поени.

Во декември минатата година индикаторот го повтори историскиот максимум, со скок на 62 поени, но оттогаш бележи постојан пад.

Истовременo, индексот за односот на инвеститорите и аналитичарите кон моменталната ситуација во германската економија во јуни е зголемен на 67,7 поени, од 62,1 поен. Јунската вредност е највисока од јули 2011 година. Експертите очекуваа дека овој индикатор ќе остане на претходната вредност.

Според оценките на Бундесбанк, темпото на економскиот раст на Германија е забавено во вториот квартал, по скокот во првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП