10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДлабоко разочарувачки резултатите на SAS

Длабоко разочарувачки резултатите на SAS

saslfkr809tgu

Скандинавската авиогрупација „SAS“ соопшти денес дека ќе започне со нова програма за штедење, која вклучува и 300 откази.

Тоа е неопходно бидејќи загубите во првиот квартал се двојно зголемени, на 800 милиони круни (120 милиони долари), со пад на приходите од 15 проценти.

Извршниот директор на компанијата, Рикард Густафсон резултатите ги опиша како длабоко разочарувачки и неочекувани, пренесува агенцијата АП.

Густафсон додаде дека „SAS“ планира да заштеди една милијарда круни во текот на деловната 2014/15 година. „SAS“ во три месеци од оваа година, заклучно со aприл, оствари приходи од 8,5 милијарди круни, во однос на 9,9 милијарди во истиот период минатата година.

Соочена со силната конкуренција на нискобуџетните авиопревозници, компанијата во ноември 2012 година започна обемна програма за реструктуирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП