2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнкета: Чесите се попродуктивни кога ќе ги напуштат канцелариите

Анкета: Чесите се попродуктивни кога ќе ги напуштат канцелариите

Czech 2013 keynote_1920 x 1080

Чесите, многу почесто од сите Европејци не можејќи да се сконцентрираат во канцелариите ја носат работата дома, покажува анкетата на компанијата „Мајкрософт“, направена меѓу вработените на малите и средни претпријатија во земјата.

Освен тоа, како што јави дописникот на МИА од Прага, истражувањето покажува дека повеќето вработени добиваат нови идеи токму кога излегуваат од канцелариите или по работното време.

Парадоксално, Чесите не можат докрај да ги искористат понудите за работа од дома, т.н „хоум офис” работа ја нудат околу една третина од компаниите, но заинтересираноста не е преголема.

Денешните комуникациски услови, електронска комуникација и можност за видео-конференции нудат многу можности за водење на многу работи од дома, но според самите менаџери тое не е доволно искористено.

Според наведената анкета, во канцеларија, на работата може да се сконцентрира секој трет Чех. Далеку подобро, повеќето луѓе се концентрираат на работните обврски дома, на состанок со клиентите или додека си одат по работното време.

Околу една петтина од луѓето на работното место патуваат повеќе од еден час, но сепак работата од дома не е за секого. Сите луѓе немаат исти услови за работа во своите домови, каде на пример може да живеат со семејството каде има и мали деца и не може да се оствари континуирана концентрираност на работните обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП