Бугарската државна железница „БДЖ“ објави тендер за продажба на 645 вагони, а парите од продажбата ќе бидат искористени за враќање на долговите на компанијата.
Станува збор за товарни вагови кои не се во функција, а почетната цена им е 8,6 милиони лева, односно 4,3 милиони евра без ДДД.
Долгот на државната компанија „БДЖ“, која располага со околу 11.000 вагони, изнесува приближно 303 милиони евра.
Бугарската железница во 2002 година се подели на две компании, на „БДЖ“ – која се занимава со патнички и товарен превоз и националната компанија „Железничка Инфраструктура“ – чија задача е одржување и управување со пругите.