18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораснаа американските потрошувачки цени

Пораснаа американските потрошувачки цени

sadg54t43

Потрошувачките цени во САД во мај пораснаа со најбрзо темпо во последната година, пред се поради скокот на цените на храната и бензинот, како и авиобилетите, чие поскапување е најголемо во последните 15 години.

Индексот на потрошувачките цени порасна за 0,4 проценти во мај, што е најголемиот месечен раст од 0,6 проценти од февруари 2013 година, соопшти американското Министерство за труд, пренесува агенцијата Франс прес.

На годишно ниво, потрошувачките цени пораснале за 2,1 проценти, што е најголемиот раст од октомври 2012 година.

Не сметајќи го традиционалното колебање на цените на храната и енергенсите, основната инфлација минатиот месец забрзала за 0,3 проценти, што е најмногу од август 2011 година. На годишно ниво, основните цени пораснале за два проценти во мај.

Цените на храната се зголемени за 0,5 проценти, главно поради острата зима во поголемиот дел на САД. Цените на енергенсите скокнаа за 0,9 проценти, од кои бензинот за 0,7 проценти. Цените на авиобилетите се зголемени за дури 5,8 проценти, што е најголемиот раст од јули 1999 година.

И покрај мајскиот раст на цените, инфлацијата сеуште е близу до целното ниво на американската Управа на федералните резерви од два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП