6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради спор со Венецуела, American Airlines намалува 79% од летовите

Поради спор со Венецуела, American Airlines намалува 79% од летовите

american-airlines11

Американскиот авиопревозник „American Airlines“ за 79 проценти ќе го намали бројот на редовни летови од САД кон Венецуела поради финансиски несогласувања со властите во земјата, соопштија од компанијата.

„American Airlines“, која остварува најмногу летови од САД за Венецуела, ќе има само 10 летови неделно до јужноамериканската земја. Во моментов нивниот број е 48.

Се планира од 1-ви јули оваа година авиокомпанијата да ги поништи летовите до Каракас од њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“, Далас-Тексас и аеродромот Сан Хуан во Порторико. Авиони на „American Airlines“ ќе летаат до Венецуела само од Мајами, Флорида.

Главната причина за намалување на летовите е тоа дека авиокомпанијата не може да си ги добие од Венецуела парите кои им ги должат – 750 милиони долари. Во согласност со правилата за монетарна контрола во земјата, меѓународните авиопревозници се обврзани да ги продаваат билетите само во венецуелски Боливар и можат да ги разменат за долари по официјалниот курс само со дозвола на властите. Меѓутоа, во еден момент, и покрај претходните договори, Венецуела престана да ги врши овие операции поради недостатокот на девизи.

Според Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, Венецуела треба на меѓународни авиокомпании да им отплати долг од 4 милијарди долари. Во март оваа година канадската авиокомпанија „Air Canada“ објави дека ги запира летовите до Каракас. Во мај намера да ги прекине летовите до Венецуела, поради нивната нерентабилността, изрази и италијанската авиокомпанија „Alitalia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП