7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина доби 500 милиони евра од ЕУ

Украина доби 500 милиони евра од ЕУ

ukraina1sdfdsdsfdsgdgdgdg

Европската унија вчера и додели на Украина помош од 500 милиони евра (680 милиони долари) за стабилизација на ослабената украинска економија, изјави европскиот комесар за економски и монетарни прашања, Оли Рен.

„Овој заем е последниот конкретен показател на европската солидарност“, порача Рен, и додаде дека оделените средства се дел од поширокиот пакет на Унијата наменет за реформирање на економијата на Украина и поттикнување на економскиот раст на земјата, пренесува агенцијата АП.

ЕУ минатиот месец и додели на Украина 100 милиони евра и издвои дополнителни милијарда евра за таа земја, кои земјата ќе ги добие доколку ги исполни договорените економски и финансиски реформи.

Генерално, ЕУ досега на Украина и вети помош во вредност од 15 милијарди долари, која ќе и биде доделена во наредните неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП