4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија и Кина потпишаа низа трговски договори

Британија и Кина потпишаа низа трговски договори

British-trade-delegation--009

Британија и Кина вчера потпишаа серија трговски договори во вредност од повеќе од 14 милијарди фунти (17 милијарди евра), за време на посетата на кинескиот премиер Ли Кечијанг на Лондон, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

Деталите од потпишаните договори не се објавени, но британскиот енергетски гигант „British Petroleum“ претходно најави дека ќе потпише договор „тежок“ 20 милијарди долари за долгорочно снабдување на Кина со течен природен гас, пренесува агенцијата Франс прес.

Со овој потег, и двете земји настојуваат да ги поправат односите кои се нарушени уште од 2012 година поради посетата на Камерон на протераниот тибетански духовен лидер Далај Лама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП