4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Словенија

Намалена невработеноста во Словенија

sloveni1987

Стапката на невработеност во Словенија во месец април изнесуваше 13,4 проценти, што е за 0,5 процентни поени помалку отколку во март, а ова e второ последователно намалување, јавува словенечкиот Завод за статистика.

Невработени се 124.000 лица, а вработени 797.000 лица. Бројот на невработени на месечно ниво се намали во сите старосни категории, особено во групата од 15 до 29 години, каде падот изнесува 0,8 проценти.

Високата стапка на невработеност во Словенија е еден од најголемите проблеми од почетокот на економската криза, пред која невработеноста изнесуваше само околу 5,5 проценти.

Таа е чест предмет на политичка расправа и во програмите на партиите пред предвремените парламентарни избори бидејќи сите партии најавуваат напори за нејзино намалување и отворање на нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП