3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАOвој човек и тоа добро живее од Youtube (видео)

Oвој човек и тоа добро живее од Youtube (видео)

feliks kjelberg

На „Youtube“ го следат повеќе од 27 милиони корисници, а скоро сите пари кои ги добива му се чист профит. Меѓутоа, „PewDiePie“ вели дека бил среќен со помалку внимание во животот.

Швеѓанецот Феликс Кјелберг (24), во светот познат како „Youtube“ ѕвездата „PewDiePie“ и минатата година од прикажување на реклами на својот канал заработи 4 милиони долари.

„PewDiePie“ на својот канал во принцип објавува слободни снимки во врска со видеа и мобилни игри, а со 27.7 милиони претплатници е најпопуларниот, личен, канал.

Неговите клипови на „Youtube“ досега собраа повеќе од 4.7 милијарди прегледи.

За „ВолСтрит Журнал“ вели дека понекогаш посакува да не е толку познат. Поради тоа, тој е во центарот на вниманието, додека многумина се прашуваат зошто тој е толку популарен.

Тој тврди дека би бил среќен наместо 27 милиони да има само 5 милиони претплатници. Видео снимките ги прави во својот стан во Лондон, а неговиот канал го води „Мејкер Студиос“ кое неодамна беше купено од компанијата „Дизни“ за нешто помалку од милијарда долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП