26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRX-9: Наследникот на Mazda RX-8

RX-9: Наследникот на Mazda RX-8

rx 9 00

„Mazda RX-8“, еден од ретките модерни автомобили, кој уште за „време на животот“ дочека да стане колекционерски примерок, конечно ќе добие наследник. Иако веќе скоро две години се најавува модел со „Wankel“ ротирачки мотор, се поактуелна е верзија која ќе ја носи ознаката „RX-9“.

Всушност, сериското производство на „RX-9“ кое се очекува за 2017-та, најверојатно ќе треба да одбележи половина век на „Mazdа“ со ротирачки мотор, која се нарекувала „Cosmo Sport“.

Иако теоретски генијална, технолошки замислата на моторот „Wankel“ во пракса има многу маани. Се чини дека експертите од компанијата „Mazda“ со сите сили настојуваат да ги надминат стандардните проблеми со моторот „Wankel“.

Засега се сконцентрирани на намалување на потрошувачката на гориво и масло, но и на зголемување на вртежниот момент без употребата на турбо полнач.

Тоа што исто така може да се очекува е целосната употреба на „SkyActiv“ технологијата, максимални 300 „коњиски сили“ и погон на задните тркала.

„Mazda“ не ја одрекува можноста и за верзија со две врати изработена на проширената платформа на новата „MX-5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП