4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботодавците во Грција се жалат на неквалификувани работници

Работодавците во Грција се жалат на неквалификувани работници

rabotnici grcija

Речиси половина од грчките работодавци тврдат дека тешко наоѓаат кандидати со потребните вештини за правилно функционирање на нивните бизниси, покажа анкета што ја спроведе „Менпауер Груп“.

Истражувањето, спроведено на примерок од 750 работодавачи во Грција во првиот квартал на 2014 година, покажа дека на домашниот пазар на труд има недостиг од неопходни вештини (42 проценти), недостиг на тешки вештини (29 проценти), недостиг на лесни вештини (19 проценти) и недостиг на кандидати (18 проценти).

Како што јави дописникот на МИА од Атина, работодавците во Грција велат дека се соочуваат со тешкотии во пополнувањето на работни места за професионални продавачи и тоа веќе седум години по ред, а по нив најмногу недостасуваат кандидати за раководни позиции, квалификувани техничари, работници и оператори со машини, додека услужната дејност и ИТ секторот повеќе не се меѓу првите десет категории во кои недостасува квалификувана работна сила.

Според истражувањето, 66 проценти од работодавците во Грција изјавиле дека нивните проблеми во пронаоѓањето на вистинските работници имаат умерено до високо влијание врз нивната деловна способност да одговорат на потребите на клиентите, што е за 12 процентни повеќе од 2013 година.

Истражувањето беше спроведено во 42 земји низ целиот свет со примерок од повеќе од 37.000 работодавци. На глобално ниво, 36 отсто од работодавците рекле дека имаат тешкотии со пронаоѓањето работници со потребни вештини, што е за еден процентен поен повеќе од минатата година, и е на највисоко ниво во последните седум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП