2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Охрид се одржа информатичкиот маратон Codefest

Во Охрид се одржа информатичкиот маратон Codefest

codefest2

Тимот „Gryffindor“ составен од младите информатичарки Ермира Алиу, Беслинда Незири и Марија Мавчева ја освои првата награда на 24-часовниот маратон во програмирање – „Codefest“ што викндов се одржа на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Нивната апликација односно софтверот на компјутерската игра „Mystery Mansion“ за оперативниот софтвер Windows  8 беше избран за најдобар во конкуренција на 12 тимови што се натпреваруваа во вкупно 20-те категории. Наградата во вредност од 1.500 долари ја обезбеди меѓународна софтверска компанија „Teleric“.

Второпласирана беше екипата „Agile“ во состав Стевче Радевски и Тони Наковски,со Windows Phone апликацијата „Eventum“, додека третото место му припадна на тимот „Not Available“ составен од Климент Зафировски, Стефан Спирковски, Бојан Станиќ и Славчо Димитриевски за нивниот веб-портал за менаџирање на финансии.

На натпреварувањето беа избрани уште и награди за најдобар кориснички интерфејс, награда за интеграција на плафторми, најдобра веб-страница, најдобра Windows Phone апликација и најдобра Windows 8 апликација.

Станува збор за трет маратон од тој тип организиран во Република Македонија, првпат организиран од страна на членовите на екипата „X-sense“ – Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама, студенти на Oхридскиот информатички универзитет, со поддршка на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Организаторите изразуваат очекувања дека претставените апликации на натпреварувањето наскоро ќе се најдат на Мicrosoft пазарите, а „Codefest“ да прерасне во традиција што секоја година ќе се одржува на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП