20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФармацевтските компании ќе „процветаат“ во 2020 година

Фармацевтските компании ќе „процветаат“ во 2020 година

farmacevtski kompanii47687467

Продажбата на фармацевтските производи на пазарите во 2020 година ќе достигне 507 милијарди долари и ќе биде 2,2 пати поголема отколку во 2012 година.

Во 2012 година се продадени фармацевтски производи за 227 милијарди долари, соопшти раководителот на глобалното одделение на „PriceWaterHouse Coopers“ за фармација и консалтинг, Стив Арлингтон, на Рускиот фармацевтски форум.

Конкретно, кинескиот фармацевтски пазар ќе порасне за 2,5 пати, на 173,6 милијарди долари, бразилскиот за 1,8 пати, на 57,5 милијарди долари, а индискиот пазар за 2,3 пати, на 40,7 милијарди долари, пренесува „Itar tas“.

Рускиот фармацевтски пазар до 2020 година ќе достигне 45,6 милијарди долари, 1,9 пати повеќе во однос на 2012 година, кога пазарот достигна сума од 23,5 милијарди долари.

Глобално, оценката гласи, дека сите фармацевтски компании ќе имаат зголемено производство на лекови, зголемена продажба, потреба од вработување на стручен кадар, како и поголеми приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП