6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кривопаланечко 91 барање за субвенции за млеко

Во Кривопаланечко 91 барање за субвенции за млеко

Mleko

Вкупно 91 млекопроизводител од општините Крива Паланка и Ранковце поднеле барања за субвенции за произведени и предадени литри млеко до млекарниците во периодот од 1 јануари до 30 април годинава, информираа од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Крива Паланка.

Во предвидениот рок за аплицирање до подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поднесени се 91 барање за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко, а овие млекопроизводители заедно произвеле 189 тони млеко и, со што пресметано по 3, 5 денари по литар , ќе добијат вкупно 661.500 денари субвенции за истото, изјави Влатко Ристовски, советник во Стручната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Крива Паланка.

Според Ристовски, интересот на млекопроизводителите е одличен, со оглед на тоа што бројката на барања за директни плаќања најчесто се движи од 90 до 100.

Верувам дека млекопроизводителите ќе бидат задоволни од финансиската поддршка бидејќи вкупната сума од околу 11.000 евра за субвенционирање на млекопроизвоството во овој регион во следниот период ќе значи дополнитен поттик и мотивација за сите земјоделци од Крива Паланка и Ранковце, рече Ристовски.

Тој посочи дека средствата од субвенциите се дополнителен бенефит за земјоделците и сточарите, за вложување во модернизација и унапредување на производството, со што, како што рече, ќе го зголемат својот принос кој пак ќе им донесе повисоки директни плаќања во претстојниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП