28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Британците не се имуни на ниските цени

И Британците не се имуни на ниските цени

peoplelondon

Инфлацијата во Британија во мај забави на 1,5 проценти на најниското ниво во последните четири ипол години, покажаа денес официјалните податоци во Лондон.

Невообичаено ниската инфлација сепак е во сенка во однос на онаа од 18-члената еврозона, во која Британија не е членка, пренесува агенцијата Франс прес.

Европската централна банка, поради забавувањето на инфлацијата презема низа мерки со цел спречување на дефлација во тој регион.

Во Британија, од друга страна, кружат шпекулации дека централната банка ќе ги зголеми каматните стапки за да спречи прегревање на пазарот на недвижнини.

Индексот на потрошувачките цени (ЦПИ) во мај забави на 1,5 од 1,8 проценти од април, во најголем дел поради падот на цените на транспортот, пред се на авиобилетите, наведува Заводот за статистика.

Исто така значително е и намалувањето на цените на храната, безалкохолните пијалоци и облеката, додаваат од Заводот.

ЦПИ последен пат изнесуваше 1,5 проценти во октомври 2009 година. Инфлацијата во Британија веќе шест месеци е под целното ниво на Банката на Англија од два проценти, што исто така не е забележано од 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП