2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСингапурските работници најнезадоволни од својот статус

Сингапурските работници најнезадоволни од својот статус

apple-factory_large_large_verge_medium_landscape

Едно испитување на степенот на задоволството на работниците, спроведено од еминентен сингапурски социолошки институт, покажа дека од 5.670 анкетирани вработени Сингапурци, 46 отсто не ја сакаат работата што ја работат.

Дури две третини изјавиле дека во работата гледаат само начин да обезбедат храна. Резултатите се објавени денеска, а во првите коментари се смета дека причината за незадоволството е наглиот пораст на трошоците за живот во Сингапур.

Според оваа анкета, ваквиот резултат покажува дека, наспроти блескавата надворешност на богатата петмилионска држава, вработените се меѓу најнезадоволните во регионот на југоисточна Азија.

Претставникот на институтот за социолошки истражувања Мајкл Смит, смета дека и властите и работодавците треба да бидат загрижени поради оваа состојба бидејки, како што рече, од задоволството од статусот на работното место зависат ефикасноста и продуктивноста.

Податокот дека осум од десет анкетирани работници без размислување би прифатиле друга работа за повисока плата, укажува дека мотивираноста на работниците на сегашните позиции е на опасно ниско ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП