3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Македонија чоколадите на „Витаминка“ ќе бидат најблиску до швајцарското чоколадо

Во Македонија чоколадите на „Витаминка“ ќе бидат најблиску до швајцарското чоколадо

vita

„Витаминка“ инвестираше 2,5 милиони евра во нови машини, БИЛЕР за производство на чоколадо. Првите производи ќе излезат на почетокот на 2015 година.

„Витаминка“ го опреми својот производствен погон за чоколадо и чоколадирани производи со нови машини од швајцарскиот бренд БИЛЕР. Овие машини се користат од страна на сите швајцарски производители на чоколадо и во најголема мера влијаат врз квалитетот на чоколадото. Со набавувањето на оваа технологија „Витаминка“ е единствена во Македонија која ќе произведува висококвалитетно чоколадо.

За производство на висококвалитетни чоколади, покрај квалитетот на состојките кои се користат во производството, во голема мера зависи и од технологијата што се користи. Со овие машини, кои се премиум бренд во индустријата и стандардно квалитетните состојки кои ги користиме, квалитетот на нашите чоколади и чоколадирани производи ќе биде најдобар во Македонија, но и во регионот. Дополнително, со оваа инвестиција процесот во првата фаза на производство, каде што се прави чоколадната смеса ќе биде пред се поедноставен, а потоа и  забрзан, со што и капацитетот на производство ќе биде зголемено за три пати“, изјави генералниот менаџер на „Витаминка“, Сашо Наумоски.

Vitaminka-Atlantis

На швајцарските машини БУХЛЕР се произведува повеќе од 60% од чоколадото во светот, вклучувајќи ги сите швајцарски производители. Имено, развојот на приказната за познатото швајцарско чоколадо е тесно поврзана со машините на БУХЛЕР, бидејќи како бренд постојат повеќе од 100 години и се дел од производствениот процес на сите фабрики за чоколадо во Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП