6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОфицијално: Македонија вклучена во семејството на PayPal

Официјално: Македонија вклучена во семејството на PayPal

paypal_01

Во семејството на „PayPal“ сервисот во коj се вклучени околу 190 земји од светот, оваа недела ќе се вклучат и нови земји како Белорусија, Монако, Камерун, Молдавија, Црна Гора, Нигерија, Зимбабве, Брегот на Слоновата Коска, Парагвај, а една од нив ќе биде и Македонија, ова вчера и официјално беше објавено на веб страната на „PayPal“.

За македонските граѓани ова значи дека во иднина секој од нив ќе може да креира сопствен кориснички профил на страната на „PayPal“, преку кој ќе му биде овозможено купување преку интернет, без дополнително приложување на бројот на кредитната или дебитната картичка за време на обавување на трансакцијата при купувањето на интернет.

Од „PayPal“ наведоа дека на почеток на новите пазари нема да бидат активирани сите услуги наеднаш, односно активна ќе биде услугата „испрати пари“, а тоа значи дека корисниците на оваа услуга ќе можат да купуваат од онлајн продавниците кои се верификувани од „PayPal“ сервисот, но нема да можат и да добиваат пари преку него, сето ова е така поради потребата од внимателно планирање и подготвување на новите пазари, што произлегува од одговорноста на компанијата која сериозно го сфаќа управувањето со туѓите пари.

Сервисот „PayPal“ има околу 150 милиони корисници во целиот свет, а со новото приклучување очекува оваа бројка да се зголеми за повеќе од 80 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП