4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕтингер: Помошта за Грција е ситница во споредба со потребите на Украина

Етингер: Помошта за Грција е ситница во споредба со потребите на Украина

ginter etinger

Спасувачката помош, доставена на Грција, е ситница во споредба со потребите на Украина, која западна во длабока економска и политичка криза, изјави вчера еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер.

„Доколку сакаме да и помогнеме на Украина, земја со население од 45 милиони лица, Грција е едноставно ситница во споредба со тоа“, рече Етингер за време на посетата на Словачка, откако Русија ги стопираше доставките на гас за Украина.

Еврокомесарот за енергетика предупреди дека помошта за поранешната советска република не може да биде обезбедена за само едно лето.

„Тука станува збор за помош во износ од милијарди, со учество на нашите даночни обврзници и избирачи, на Европската комисија, САД, Канада и Меѓународниот монетарен фонд“, нагласи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП