28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДемонстрација на систем „капка по капка“ за одгледување пченка

Демонстрација на систем „капка по капка“ за одгледување пченка

pcenkajhuuf87r4ur4

Во рамки на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска на поле во близина на село Брвеница ќе се одржи демонстрација на користењето на системот за наводнување „капка по капка“ за одгледување на пченка.

Системот за наводнување капка по капка ќе им овозможи на земјоделците да добијат повисоки приноси на пченка и силажа, притоа заштедувајќи време и вода.

Од повисокото производство на пченка и силажа особена корист имаат млекопроизводителите, кои со остварените приноси можат подобро да ги задоволат потребите на својата стока и да произведат поголема количина на млеко.

Во текот на оваа и минатата година, со помош од УСАИД, повеќе од 120 земјоделци добија системи капка по капка, техничка поддршка и совети за наводнување.

Земјоделците кои минатата година ги употребувале овие системи оствариле приноси просечно повисоки за 44 проценти за зрно и 37 проценти за силажа, а највисоките остварени приноси достигнаа до 17 тони по хектар за зрно и 112 тони по хектар за силажа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП