4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ги намалува каматните стапки

Турција ги намалува каматните стапки

turcija2

Гувернерот на централната банка на Турција Ердем Басчи изјави дека на крајот на месецот најверојатно ќе дојде до уште едно мало намалување на клучните каматни стапки.

„Ќе ги намалиме стапките доколку и понатака сметаме дека инфлацијата ќе слабее, но тоа ќе го направиме многу претпазливо“, изјави Басчи, пренесува агенцијата Франс прес.

Централната банка минатиот месец намали една од клучните каматни стапки, но премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган тој потег го карактеризираше како премногу слаб. Банката претходно агресивно ја зголеми каматната стапка во јануари, во обид да го запре остриот пад на лирата, која за два месеци изгуби речиси една третина од својата вредност.

Ердоган се плаши да  не загуби едно од неговите клучни постигнувања: силниот економски раст кој Турција го бележи веќе 10 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП