2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија очекува постепен раст

Русија очекува постепен раст

rusijacentralbank41584

Растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија во 2015 година ќе изнесува 0,9 проценти, а во 2016 година 1,9 проценти, изјави претседателката на Банката на Русија Елвира Набиулина.

Покрај тоа, ќе дојде и до позитивни инвестициски трендови, а влијанието на нето извозот може да се намали на нула или на помала негативна вредност, додаде шефицата на руската централна банка.

Банката претходно во соопштението за новинарите наведе дека изгледите за раст на руската економија за оваа година се проценуваат на 0,41 проценти.

Инфлацијата во Русија ќе започне да опаѓа во втората половина од 2014 година, а ризикот да се зголеми над шест проценти на годишно ниво е голем, укажа Набиулина.

Намалувањето на инфлацијата ќе придонесе за стабилизација на курсот на рубљата и очекуваниот добар род на земјоделските култури.

Набиулина истакна дека по 2016 година ќе биде намален одливот на капитал за една третина. Во 2015 година и 2016 година ќе се намали одливот, а потоа може да биде заменет со прилив на капитал, изјави таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП