20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартува бродската линија Охрид - Поградец

Стартува бродската линија Охрид – Поградец

Ohrid-2-SRTRANA

Од Охридското пристаниште денеска ќе почне да сообраќа првата бродска линија Охрид – Поградец.

Се работи за чартер линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на туристите од Охрид во Македонија до Поградец во Албанија и обратно.

На стартот на првото запловување најавено е присуство на министерот за транспорт и врски  Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

По пристигнувањето во албанскиот град Поградец, предвидено е Јанакиески и Бакрачески да бидат пречекани од своите албански колеги, министерот за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто и градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП