16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот Груевски во економска работна посета на Велика Британија

Премиерот Груевски во економска работна посета на Велика Британија

nikola-gruevski-road-show

Премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во неколкудневна економска работна посета на Велика Британија. Во владиниот економски тим се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Премиерот Груевски заедно со владиниот тим во Ливерпул ќе присуствува на „Глобалниотекономски форум 2014“ кој што се одржува во Ливерпул Велика Британија како дел од програмата на глобалниот економски настан „Интернационален фестивал за бизнис“.

Ваквиот форум е прилика за размена на искуства за актуелните економски предизвици, како и за можностите кои се ставаат на располагање за продлабочена економска соработка.

Во рамки на посебната сесија посветена на темата за раст на пазарите на земјите во развој и нивното влијание врз Европа како и за можностите за бизнис кои се нудат под влијание на неодамнешната криза, свое обраќање ќе има и вицепремиерот Ставрески при што ќе го пренесе македонското искуство од оваа област.

Како дел од редовната програма на Глобалниот економски форум 2014, во соработка согрупацијата „Фајненшл Тајмс“ ќе се одржи и Инвестициски форум посветен на Република Македонија каде владиниот тим предводен од премиерот Груевски ќе елаборира за можностите за правење бизнис и инвестиции во Република Македонија, како и за можностите за соработка на британските и меѓународните бизниси и нивно инвестирање воМакедонија.

Можноста за преставување на инвестициските потенцијали на државата е особено важнабидејќи овие денови Ливерпул е градот кој е во центарот на вниманието на светскатаекономска јавност одржувајќи го Интернационалниот фестивал за бизнис, во чии рамки се итековните настани каде ќе присуствува и премиерот Груевски. Интернационалниот фестивалза бизнис медиумите во Велика Британија го оценија како најголемиот бизнис настан кој сеодржува во последните 50 години кој е дел од заложбите на британската влада заинтензивирање на економската соработка и удвојување на економската размена. Овојнастан, во чии рамки се одржува и Глобалниот економски форум 2014 трае 50 дена во јуни ијули и ја содржи најголемата концентрација на бизнис настани во 2014 година. Бизниссобирот е дел од заложбата на владата на Велика Британија за раст на интернационалнитепазари и преставување на бизнис можностите на различните држави од целиот свет. Ворамките на ова бизнис случување ќе се одржат 100 различни настани и се очекуваат над 250илјади посетители за период од два месеци и бизнис преставници од 125 држави.

Интернационалниот фестивал за бизнис е поддржан и финансиран од Владата на ВеликаБританија. На нејзиното отворање беше присутен премиерот Дејвид Камерун кој истакнадека ова е најголемото прикажување на британскиот бизнис од 1951 година. – Тоа е излогкаде може да се видат претпријатијата, прикажување на иновации, креативност. И јас бисакал да ја видам изложбената хала и како што претходно слушав, да ги видам сите тиеработи кој бизнисот има да ги понуди, истакна Камерун. Партнери на глобалниот економскинастан се и Си Ен Ен, Фанејшл Тајмс, фирми како Сименс, Ленд Ровер, Јагуар, Тошиба,Братанската комора, Лондонската берза, Министерството за бизнис, иновации и вештини идруги. Глобалниот економски форум се одржува од 16 до 18 јуни како составен дел одсодржините на овој бизнис фестивал.

Во рамките на престојот премиерот Груевски се очекува да посети и повеќе медицинскицентри во Велика Британија каде ќе се разгледат можностите за остварување соработка иразмена на медицински персонал и негова обука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП