21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХедегор: Бугарија е меѓу земјите со најголема енергетска зависност

Хедегор: Бугарија е меѓу земјите со најголема енергетска зависност

koni hedegor

„Бугарија е една од земјите со најголема енергетска зависност од Русија, со највисок трговски дефицит и со најголема енергетски неефикасна економија, па затоа има потреба од инвестиции и сериозни реформи во енергетскиот сектор“, изјави денеска еврокомесарот за климатски прашања Кони Хедегор.

Таа наведе дека на Бугарија и се неопходни реформи за да се зголеми ефикасноста, како и да ја зголеми соработката со соседните држави.

Хедегор посочи дека високите цени на енергијата во Европа пред се се должат на зависноста од увозот, како и на недостигот на поврзаност меѓу одделни енергетски системи.

Еврокомесарот за климатски прашања наведе и дека во октомври треба да биде постигнат договор за енергетска стратегија во Европа до 2030 година, со кој се предвидува намалување на емисиите на јаглерод диоксидот од домаќинствата за 40 проценти, а во средината на векот развиените држави треба да ги намалат штетните гасови на ниво од 80 отсто во однос на емисиите во 1990 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП