30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMedtronic ја купи Covidien за 42,9 милијарди долари

Medtronic ја купи Covidien за 42,9 милијарди долари

M

Американскиот производител на медицинска опрема „Medtronic“ ја откупи ирската групација „Covidien“ за 42,9 милијарди долари (31,7 милијарди евра) во акции и готовина.

Од американската компанија, чие седиште е во Минеаполис, порачуваат дека административната управа ќе се пресели во Ирска поради поповолен фискален режим, пренесува Ројтерс.

Ова спојување ќе овозможи формирање на нов актер во секторот кој ќе биде способен да и конкурира на компанијата „Johnson & Johnson“, која исто така е присутна во медицинската бранша, се наведува во соопштението.

Операцијата би требало да биде завршена во четвртиот квартал од тековната година или во првите месеци од 2015 година.

„Medtronic“ вети дека ќе го задржи своето оперативно седиште во Минеаполис и дека ќе инвестира 10 милијарди долари во секторот за медицинска технологија на домашниот пазар во наредните 10 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП