20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Просечната плата изнесува 1.000 евра

Словенија: Просечната плата изнесува 1.000 евра

slovenija1

Просечната месечна плата во Словенија во април изнесуваше 1.000,80 евра, а бруто заработката 1.531,14 евра, објави словенечкиот Завод за статистика.

Во однос на претходниот месец, априлската просечна нето заработка е зголемена реално за 0,1 проценти, а номинално за 0,4 проценти, пренесува агенцијата АПФ.

Заработката е највисока во Љубљана и поголемите градови, додека во повеќе од 90 општини платата е помала од просекот.

Во април најниската просечна плата е забележана во општините Костанјевица и Осилница и таа изнесувала 693 евра.

Во Словенија во последните години платите стагнираат или се во мал пад, а според податоците на Синдикатот, две третини од вработените добиваат плата пониска од просечната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП