16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија со поддршка за студентите од Битолскиот универзитет

ЕВН Македонија со поддршка за студентите од Битолскиот универзитет

evn studenti

ЕВН Македонија и Универзитетот „Климент Охридски“ од Битола потпишаа меморандум за научна, техничка и апликативна соработка. Ќе се реализираат заеднички научно – стручни истражувања, размена на знаења, искуства и вештини преку одржување на континуирани средби, работилници, семинари, како и заеднички проекти за промоција на сите активности.

ЕВН Македонија ќе продолжи да ги подржува студентите кои се запишани на смерот за електро-енегетски системи на Битолскиот универзитет. Покрај можноста да посетуваат практична работа и да следат предавања на стручни лица од компанијата, студентите кои имаат висок просек и ги минале процесите на селекција може да станат и стипендисти на ЕВН Македонија.

Меморандумот за соработка го потпишаа Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија и проректорот на Универзитетот „Климент Охридски“ проф.д-р Сашо Атанасовски.

Александар Кочалевски, студент во прва година, е третиот стипендист кој покрај паричните средства, ќе посетува практикантска работа следена од ментори и ќе добие поддршка од ЕВН во својот професионален развој. Тој вели дека се одлучил за ЕВН бидејќи најголемата корист не се само средствата, туку и професионалноста која се учи во дистрибутивната компанија и практичниот дел од образованието кој ќе му овозможи вистински напредок во градењето на својата кариера.

Студенти од Факултетот за електро-технички науки од Скопје и Битолскиот универзитет четири години добиваат стипендии. ЕВН Македонија последните две години заеднички со државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО доделува по 14 стипендиии со што директно се придонесува за зголемување на бројот на запишани студенти на електро енергетските смерови. Од ЕВН Македонија сметаат дека со ова се овозможува создавање високо стручни кадри неопходни за идниот развој на енергетскиот сектор во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП