2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловачки компании заинтересирани за влез во МЖ Транспорт и во „Колска“

Словачки компании заинтересирани за влез во МЖ Транспорт и во „Колска“

20130218-224431.jpg

Неколку словачки фирми се заинтересирани за влез во „Македонски железници – Транспорт“, вели амбасадорот на Словачка во Скопје – Роберт Кирнаг. Сепак, според Кирнаг, реализацијата на тие инвестиции засега е блокирана поради одложувањето на либерализацијата на железничкиот сектор во Македонија до нејзиниот влез во ЕУ.

– Нашите интереси за влез на тој пазар се блокирани бидејќи македонските власти сакаат да ја заштитат државната транспортна компанија МЖ Транспорт, која не би можела да го издржи притисокот на конкуренцијата. Овој сектор мора да претрпи промени. Мора да се отвори, ако не подоцна, тогаш на денот на влезот во ЕУ, но ние сакаме тоа да се случи што поскоро, наведува амбасадорот.

Тој информира дека компании од Словачка се заинтерсирани и за влез во велешката фабрика за шински возила „Колска“.

– Ја посетив фабриката каде се изведуваат одредени видови ремонти кои се единствени на Балканот. Но, најпрво треба да се трансформира од државно друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво. Долговите треба да се претворат во акционерски удели, а мнозинството од акциите контролирано да се продадат на стратешки инвеститор, кој ќе ги купи акции од државата и со тоа ќе ги врати парите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и во даночната управа, наведува Кирнаг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП