9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната инфлација во еврозоната е намалена на 0,5 проценти, а во ЕУ...

Годишната инфлација во еврозоната е намалена на 0,5 проценти, а во ЕУ на 0,6 проценти

germanyinflation1

Годишната инфлација во еврозоната е намалена минатиот месец на 0,5 проценти, во споредба со 0,7 проценти во април и 1,4 проценти во мај минатата година.

Во ЕУ показателот достигнал 0,6 проценти минатиот месец, наспроти 1,6 отсто истиот период лани, покажуваат податоците на Евростат.

Земји со најголема негативна годишна инфлација се Грција (-2,1 отсто), Бугарија (-1,8 проценти) и Португалија (-0,3 отсто).

Најголемо зголемување на годишната инфлација е забележано во Австрија (+1,5 отсто), Луксембург (+1,4 проценти) и Романија (+1,3 отсто).

На месечна основа инфлацијата во ЕУ и еврозоната минатиот месец изнесувала -0,1 отсто.

За зголемување на инфлацијата во еврозоната придонеле тутунските производи, рестораните и кафулињата, како и електричната енергија, а намален ефект покажале зеленчукот, овошјето и телекомуникациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП