6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го избегнете злобниот шеф

Како да го избегнете злобниот шеф

why-are-some-bosses-evil

Не постои ништо полошо од тоа да тргнете на работа депресивни и да мислите како да се соочите со вашиот злобен шеф. Еве пет чекори како да ги преживеете ваквите соочувања…

Прво, одлучете дали денот е доволно лош за да одите на работа.

Второ, ако сте одлучиле да одите на работа, останете позитивни. Ако одите на работа секој ден фрустрирани, незадоволни и несреќни, тогаш мала е можноста дека ќе успеете во изградбата на позитивно окружување за работа. Поради тоа останете позитивни дури и ако вашиот шеф е бесен. Ако успеете во тоа, тоа е еден голем поен за вас.

Трето, обидете се да развиете доверба кај вашиот шеф, бидејќи тоа е клуч за изградба на позитивно опкружување. Ако вашиот шеф од вас секогаш очекува нешто лошо, погрешно или ако воопшто не можете да стекнете доверба кај него, тогаш обидете се да настапите со поинаков став.

Четврто, изградете автономија базирана на доверба. Користете ги прашањата „Зошто не би можел јас да претседавам со состанокот, на тој начин вие ќе можете да одговорите на поканата за голф?“ или „Јас можам да го изработам новиот производ за време на летото, а вие посветете им се на фамилијарните обврски?“

И последно, петто. Ја поседувате довербата од вашиот шеф и имате се поголема автономија. Клучот на успехот е во поставувањето на граници, кои ќе ве направат среќни и исполнети без оглед на тоа какви реакции ќе има вашиот шеф.

Првите три ставки нека бидат вашиот водич. Ако довербата се изгради продолжете со четвртата и петатата, а ако не размислете да го промените работното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП