27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо затвор поради откривање деловни тајни на Microsoft

Во затвор поради откривање деловни тајни на Microsoft

zatvor microsoft
Алекс Кибкало е осуден на три месеци затвор поради крадење на деловни тајни во компанијата „Microsoft“.

Имено, тој е уапсен пред неколку недели под обвинение дека испратил рана верзија на оперативниот систем „Windows 8“ на еден француски блогер.

Раната верзија на системот „Windows 8“ ја испорачал во 2012-та година, малку пред официјалната презентација на овој оперативен систем, додека работел за „Microsoft“ во нејзините подружници во Русија и Либан.

По неколку месеци поминати во притвор Кибкало признал дека на споменатиот блогер му испратил рана верзија на оперативниот систем, но и дека на неавторизирани лица им дал софтверска надоградба за „Windows 8 RT“ и „Microsoft Activation Server SDK“.

Кибкало изјавил дека жали за своите „погрешни одлуки“ и најавил дека можеби ќе напише книга за целата случка, но од своја перспектива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП