2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаменик министерот за информатичко општество на конференција во Сингапур

Заменик министерот за информатичко општество на конференција во Сингапур

zamenik_minister2ymartaarsovskatomovska3

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, денеска и утре ќе учествува на Министерскиот форум за Информатичко – комуникациски технологии (ИКТ), кој ќе се одржи во Сингапур.

За време на посетата, која се остварува на покана на министерот за информатичко општество, комуникации и уметност на Сингапур Јакоб Ибрахим, Арсовска-Томовска ќе учествува на овогодинешниот министерски форум на тема “Паметна нација: Искористување на можностите и решавање на предизвиците”.

Министерскиот форум на ИКТ е годишен дијалог на високо ниво во организација на Светскиот економски форум, на кој ќе се разговара за клучните глобални ИКТ трендови и прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП