6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСериозни обвиненија за LinkedIn

Сериозни обвиненија за LinkedIn

linkedin tuzba

Светската бизнис друштвена мрежа „LinkedIn“ стана мета на обвиненија со кои се терети за илегални активности поврзани со користењето на корисничките „e-mail“ адреси. Тужбата е покрената уште во септември минатата година, а конечното обвинение беше потврдено кон крајот на минатата недела.

Столбот на обвинението е практиката на „LinkedIn“ да бара од корисниците поврзување на „LinkedIn“ профилите со електронската пошта, со цел да ја прошират својата база на контакти. Со таквата пракса, смета обвинителот, компанијата илегално собирала бројни „e-mail“ адреси на кои потоа им испраѓале бројни пораки, кои се карактеризираат како спам.

„LinkedIn“ ќе мора да се брани и од обвиненијата дека наводно своите корисници ги наведувале на погрешни загклучоци. Имено, кај пребарувањето на нивните бази на „e-mail“ адреси, на корисниците им е соопштено дека на никому нема да му биде испратена никаква покана без одобрена дозвола, а подоцна на потенцијалните контакти им биле испратени други три персонализирани покани.

Според калифорниските закони, каде тужбата е подигната, ваквата пракса се смета за илегална затоа што за огласување на мрежата се користат имиња на корисници кои тоа не го дозволиле. Оваа судска одлука им дава за право на сите корисници на „LinkedIn“ да ја тужат оваа компанија доколку сметаат дека со наведената практика е повредено нивното право на приватност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП