2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се збогатите пред триесетата?

Како да се збогатите пред триесетата?

H

Овој наслов звучи како болна шега за повеќето луѓе кои не пораснале во изобилство од пари или во изобилство на прилики да заработат голема сума на пари. Меѓутоа Грант Кардон, експерт за меѓународна трговија и основач на „Cardone Enterprises“, „Cardone Real Estate Holding“ и „Cardone Group“, го користи својот личен пример за да докаже дека идејата за богатство во триесетата година не е фантазија.

Тој во своите пет книги (Sell to Survive, The Closers Survival Guide, If You’re Not First You’re Last, The 10X Rule и Sell or Be Sold) го опиша својот пат од студент во долгови до милионер и откри некои од најефективните трикови на својот занает. Нормално, Кордон е американски автор и неговите совети за големите пари може да поминат само во САД, но сепак се многу корисни и можат да се употребат и во локалните околности. Ова се неговите осум совети за стекнување на богатство до триесетата.

Следете ги парите

Кaрдон тврди дека во денешната економија не можете да станете милионер со штедење. Првиот чекор е да пронајдете начин да заработувате повеќе отколку што заработувате во моментов и овој процес постојано да го повторувате: работете за да напредувате во својата компанија или ако имате подобра понуда променете ја компанијата, барајте прилика да заработите повеќе пари и не ги пропуштајте ваквите прилики кога ќе ги забележите.

Бидете посветени на стекнувањето на пари, а не на демонстрацијата дека ги имате

Важно е секогаш да бидете запаметени по вашата деловна етика и ентузијазмот, а не по скапите ситници. Кардон во една од своите книги споменува дека тој сеуште ја возел сојата Toyota Camry дури и кога станал милионер.

Не штедете заради штедењето, штедете за да инвестирате

Единствениот начин од заработениот денар да направите два е преку инвестирањето, значи – инвестирајте, советува Кардон.

Избегнувајте инвестирање во долгови (позајмици)

Поставете си себе си правило дека никогаш нема да позајмите пари, ако оваа позајмица нема да ви обезбеди повеќе пари. Богатите луѓе инвестираат во долгови (позајмуваат) за да ги искористат инвестициските прилики и да го зголемат своето богатство, додека сиромашните луѓе позајмуваат пари за да купат статусни симболи (поголем телевизор, кола, викендица) кои не можат да си ги дозволат и од кои никогаш нема да заработат.

На парите гледајте како на љубоморен љубовник

За да се збогатите и да останете богати, парите мора да бидат вашиот приоритет. Ако заборавите на парите, тие, како и љубоморниот љубовник, ќе ве игнорираат или уште полошо ќе ве остават поради некој кој покажува поголем интерес и им посветува повеќе внимание.

Парите не спијат

Парите не знаат за работно време, распореди или годишни одмори. Кардон се сеќава дека работејќи во малопродажбата секогаш доаѓал на работа најрано од сите и си заминувал најдоцна. Според неговите зборови, на работа не е важно да сте најпаметни, ниту да имате најмногу среќа, најважно е да сте најпосветени.

Сиромаштијата нема смисла

Бил Гејтс еднаш кажа: „Ако се родиш сиромашен тоа не е твоја грешка, но ако умреш сиромашен тоа е само твоја грешка“, а Кардон се согласува, тој вели дека сите богати лица, пред да се збогатат, ја отфрлаат идејата дека сиромаштијата е ОК. Тој вели дека единствениот правилен став во креирањето на богатство е тоа дека сиромаштијата е неприфатлива.

Најдете свој ментор милионер

Ако сте пораснале во сиромашно семејство или во семејство од средната класа, веројатно сеуште не и верувате на идејата дека можете да постигнете богатство. Затоа, пронајдете некој свој ментор, кој ќе ве научи на поинаков поглед кон деловните прилики и парите. Кардон вели дека многу богати лица се многу дарежливи кога станува збор за нивното знаење и искуствата.

Применете ги овие осум чекори, но не очекувајте решението да дојде преку ноќ, не се одрекувајте од вашите принципи и етика, работете вредно и посветено, не се откажувајте и кога ќе ги остварите вашите цели помогнете му и на некој друг да го направи тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП