2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија стабилна, S&P задоволна

Велика Британија стабилна, S&P задоволна

velikabritanija54v5gb4r

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ ја зголеми прогнозата за кредитниот рејтинг на Велика Британија на стабилна од негативна.

Прогнозата е зголемена благодарение на закрепнувањето на економијата и балансирањето на јавните финансии, „S&P“ исто така, го потврди и врвниот кредитен рејтинг „ААА“ на официјален Лондон.

„Ревизијата на прогнозите го отсликува нашето мислење дека британската економија бележи силно и сеопфатно закрепнување и дека владата напредува во балансирањето на јавните финансии“, наведува „S&P“, пренесува агенцијата Франс прес.

Агенцијата предвидува дека британската економија оваа година ќе порасне за нешто помалку од три проценти, а следната година за 2,5 проценти, благодарениe на деловните инвестиции и домашната потрошувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП