4 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени инвестициите во Унгарија

Зголемени инвестициите во Унгарија

ungarijabro782fgf3jrt

Унгарската економија профитираше во првиот квартал од оваа година – вкупните инвестиции се зголемени за 22,6 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Растот е остварен во сите сектори, а најголема стапка на инвестициите е забележана во областа на транспортот (64,6 проценти), во опрема (25,2 проценти), во градежништвото (20,2 проценти), во енергетскиот сектор (21,5 проценти), во информатиката и комуникациите (24,2 проценти), пренесува француската агенција Ибифранс.

Според првите проценки на Федералниот завод за статистика, и индустриското производство во април е зголемено за 10,1 проценти во однос на истиот месец минатата година, а за првите четири месеци од 2014 година растот изнесува 8,9 проценти во споредба со истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП