24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlitalia ја прифати понудата на Etihad

Alitalia ја прифати понудата на Etihad

Code-Az-Et-700x509

Управниот одбор на италијанската авиокомпанија „Alitalia“ по повеќемесечните преговори ја прифати понудата на „Etihad“ за купување на 49 проценти од сопственоста на „Alitalia“.

„Денес е одобрен планот на „Etihad“ и Одборот одлучи тој да се разгледа и брзо да се излезе со нацртот за конечниот договор“, соопшти генералниот директор на „Alitalia“ Габриеле Дел Торкио.

Компанијата од Абу Даби е подготвена во „Alitalia“ да инвестира до 1,25 милиjaрди евра во наредните четири години, пренесува агенцијата Ројтерс.

Италијанскиот водечки авиопревозник, кој минатата година доби пакет помош од италијанската влада од 500 милиони евра за спас на компанијата се најде пред ризик да остане без средства до август, во случај да не најде деловен партнер кој е „богат со пари“, додаваат во соопштението на агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП