5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазговорите меѓу Украина и Русија за гасот завршија без резултати

Разговорите меѓу Украина и Русија за гасот завршија без резултати

rusijaukraina

Преговорите меѓу Украина и Русија за гасот, со посредство на Европската унија, завршија синоќа во Киев без резултати и без договор, кога би можеле да продолжат, изјави извор од Владата во Киев, јави Танјуг.

Разговорите завршија без резултат. Исто така не се знае кога ќе се одржи новата средба, истакна истиот извор.

Портпаролот на рускиот „Газпром“ Сергеј Купријанов изјави дека со оглед на тоа што Русија и Украина не успеале да го решат спорот околу цената на гасот, рокот кој Москва му го постави на Киев да гп плати долгот од 1,95 милијарди долари, истекува денеска во десет часот по локално време, односно шест часот според Гринич.

Ако дотогаш Киев не го исплати долгот, Москва би можела да го прекине снабдувањето со гас на Украина, што може да предизивка и прекин на протокот на гас во Европската унија, додаде тој.

Разговорите беа закажани, откако Русија се закани дека ќе го прекинува снабдувањето со гас на Украина, доколку до денеска не го плати долгот од 1,95 милијарди долар, од кои 1,45 милијарди се долг за ноември и декември минатата година, а 500 милиони долари се аванс за април и мај оваа година.

На разговорите учествувале еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер, украинскиот премиер Арсениј Јацењук и директорот на рускиот „Газпром“, Алексеј Милер. Состанокот е одржан во момент кога Украина е во национална жалот поради убиството на 49 војници.

Доколку Украина го плати тој износ, „Газпром’ во текот на досегашните преговори се согласи ретроактивно да се пресмета украинскиот долг за април и мај, а за остатокот од долгот за овие два месеци рокот на плаќање да се продолжи до 26 јуни. Русија и понуди на Украина и гас по цена пониска од сто долари за илјада кубици, во однос на последната договорена цена, која изнесуваше 385 долари.

Украинскиот „Нафтогас“, според најновите најави на компанијата, е подготвен да му го исплати на „Газпром“ долгот по компромисна цена од 326 долари за илјада кубни метри.

Преговорите за решавање на спорот околу цената на гасот меѓу „Газпром“ и „Нафтогас“ почнаа на почетокот на овој месец во тристран формат, Украина, Русија, Европска унија, а Киев веќе му исплати на рускиот гигант 786 милиони долари за периодот јануари-март оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП