3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Победи за Аргентина и за Франција

СП 2014: Победи за Аргентина и за Франција

argen

Репрезентациите на Аргентина и на Франција со победи го затворија четвртиот ден на Светското првенство во фудбал во Бразил.

На „Маракана“ ноќеска во првиот натпревар од групата Ф, Аргентина ја победи Босна и Херцеговина со 2:1.

„Гаучосите“ поведоа со автоголот на Сеад Колашинац во 3.минута. На 2:0 зголеми Лионел Меси во 65.минута, а поразот за БиХ го намали Ведад Ибишевиќ 85.минута.

На дуелот од групата Е Франција со 3:0 го победи Хондурас. Карим Бензема постигна два гола, првиот (45.минута – пенал) и третиот (72), додека при вториот гол (48) Бензема шутираше, а голманот на Хондурас Ноел Валадарес последен играше со топката пред да ја мине гол линијата.

Швајцарија на вториот дуел од оваа група со 2:1 го победи Еквадор.

Вечерва на програмата на Мундијалот во Бразил се натпреварите: Германија – Португалија (18 часот), Иран – Нигерија (21 часот), и Гана – САД (24 часот).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП